Завршува и четвртата година од владеењето на сегашната власт под водство на ГРУЕВСКИ.Поминаа релативно брзо како ништо да не се случило,како се ова да било само сон.Да беше ова само сон сигурно уште би спиел и не би посакал да се разбудам ниту за момент.Зашто би се будел кога и така нема што да видам во јаве.
Но не можеме вечно да спиеме и да сонуваме не водејки сметка за тоа што ни се случува во реалниот општествен живот.
Ветуваа се и сешто во нивната предизборна кампања во 2006 год.Понудија програма т.н.ПРЕРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ што на крај излезе дека е ИЗРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ.Многу луге им поверуваа и веруваа во нивните идеали со надеж дека нешто ке се смени на подобро во нивните животи и затоа за нив го дадоа својот глас.Многу од нив се каат и ден денес за грешката што ја направиле со надеж дека во иднина никогаш повеке нема да се повтори.Ветија економски прогрес,ветија реформи во здравството и образованието,ветија земјоделски субвенции кои се делат по партиска основа,ветија влез во НАТО И Е.У ветија подобар живот
на своите грагани,ветија многу а што остварија-едно големо НИШТО.Денес имаме разрушена економија и голем бучетски дефицит,задолжена држава кон стопанството,катастрофално здравство,натрупана државна и јавна администрација со партиски вработувања,мистериозно и руинирано образование,нарушени мегуетнички односи,блокирани преговори за влез во унијата и уште многу други аномалии со кои се соочувате секојдневно и кои ги знаете добро.Секој живее полошо од било кога,секој има се повеке проблеми кои ги наметнува владата,секојдневно се леат солзи од граганите за нивните проблеми,секојдневно умираат луге по клиниките,се поголем е бројот на одлив на кадри во странство,едноставно кажано се полошо и полошо е.
Овој мој текст не е ништо ново,не е фантастична креација на совршен ум,не е губење на време,не измислив топла вода,само си го кажувам сопственото мислење и си го симнувам товарот од плеки
кој се повеке ми тежи.За да ја почуствувате вистината на мојот текст не треба да сте експерт по политика или аналитичар,не треба да сте приврзаник на ни една партија или идеологија,едноставно погледнете напред ништо нема да видите,патот за иднината нема да ви биде чист се додека не го исчистите губрето позади вас.
Народски кажано секој си знае сам за себе,секој со своите проблеми но не е добро во секој случај.Се ближи времето кога треба да излеземе на мегдан со ГРУЕВСКИ на следните избори,се ближи времето кога ке го победиме теророт на ГРУЕВСКИ и кога конечно народот ке победи,а до тогаш бидете живи и здрави и секое добро.
object>

